Разводот на Бен Афлек и Џенифер Лопез во исто време е и топ тема но и тема во заборав во светските медиуми.
Од моментот кога се појавија првите навестувања за проблеми во нивниот брак, интересот на јавноста беше огромен. И покрај тоа, тие успеаја да се разделат без поголеми скандали и јавни кавги. Официјални изјави дадоа дури откако ќе ги решат сите правни и финансиски аспекти – ниту еден не го бараше имотот на другиот, иако немаа предбрачен договор. Заеднички купената куќа решиле да ја продадат.
Џенифер Лопез во првото интервју по разводот истакна дека љубовта во моментов не ја интересира - сака да се посвети на кариерата и децата. Се зборува дека не и недостасува машко внимание, но дека не излегува на состаноци. Истото е и со Бен Афлек – тој е зафатен со работа и повремено вечера со неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер.
Во интервју за магазинот GQ, Афлек призна дека негов најголем проблем е огромното внимание на јавноста. Тие веќе еднаш се обидоа, далечната 2003 година, да го издржат притисокот на славата, но потоа се заврши со раскинување на веридбата. Овој пат, како што вели, можел да предвиди како ќе испадне се, но сепак сакал да и даде уште една шанса на врската со Џенифер. Сепак, тој повторно не успеа да го издржи огромниот притисок.
- Не се каравме, немаше груби зборови или грди сцени. Едноставно сфативме дека ова нема иднина и донесовме заедничка одлука – изјави Афлек.
Долго време одбиваше да зборува за се токму затоа што не сакаше да привлече уште поголемо внимание. Сепак, на крајот реши да проговори, бидејќи му пречеше како јавноста го доживува.
- Уморен сум да ме прикажуваат како негативец, а Џенифер како жртва. Никогаш не сум бил лошо момче, само не може секоја врска да успее – нагласи актерот.