Инаку, двојката е фотографирана во Лондон, Англија. На Волш, која е 24 години помлада од комичарот, ова ѝ е четврто дете. Грамер неодамна проговори за тоа како е да се има седум деца, и да се надополнува изгубеното време...
- Ги запоставив децата во мојот живот. Особено првите две. Сега се обидувам да го надокнадам тоа. Сè уште сум нивни татко. Веројатно требаше да бидам малку потолерантен кон постарите деца. Прилично сум толерантен, но разбирам дека постојат одредени очекувања и определени начини да се справам со социјалните случаи - бидете искрени и чесни, и ќе ви се врати со добро во животот. Сега сум малку поконкретен со помладите деца во однос на нивното учење, на пр., изјави Грамер.
Глумецот, вели, сега се обидува да се погрижи неговите деца да учат од неговите грешки. Грамер и Волш, имено, веќе имаат три деца - ќерката Фејт (12) и синовите Гебриел (10) и Џејмс (8). Актерот ја има и Спенсер (41) - со неговата прва сопруга Дорин Алдерман, помладата ќерката Грир (33) со втората сопруга Бари Бакнер и уште една ќерка - Мејсон (23) и син му Џуд (20) од бракот со Камил Грамер.