Најдобриот фудбалер на Барселона оваа сезона, Бразилецот Рафиња останува водечки кандидат за освојување на „Златната топка“. Крилниот напаѓач на Барселона, кој постигна 53 гола оваа сезона, е број еден на ранг-листата на дел од порталите кои се занимаваат со спортска анализа.
Според последните анализи, Рафиња е водечки на листата кандидати за најпрестижното индивидуално признание во светот на фудбалот, а по него следуваат фудбалерот на ПСЖ, Усман Дембеле и младата ѕвезда на Барселона, Ламине Јамал.
Во ТОП 5 листата на претенденти за ласкавото признание се и Лаутаро Мартинез од Интер и Мохамед Салах од Ливерпул.