Зинедин Зидан одбил едногодишен договор од кој требаше да заработи 100 милиони евра. Светскиот шампион со Франција нема ангажман од 2021 година, кога го заврши својот втор период како тренер на Реал Мадрид.
Според „Л’Екип“, тој деновиве добил вртоглава понуда од Блискиот Исток, конкретно од екипата на Ал-Хилал. Тимот чиј тренер Жорге Жесус си замина во мај бара негив наледник, па не штедел пари да го донесе Зи-Зу во својот состав пред Светското клупско првенство овој месец.
По одбивањето на францускиот стратег, Ал-Хилал ќе мора да го насочи вниманието на друго место. Се очекува тие да се обидат да го донесат тренерот на Интер, Симоне Инзаги, откако „нероаѕурите“ претрпеа тежок пораз од Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите.