Џошуа Зиркзе ќе биде во „аут“ до крајот на сезоната. Оваа информација денеска ја потврди менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, кој што објави дека повредата на тетивата на офанзивецот е од таков карактер да е потребен повеќемесечен третман и опоравување.
Зиркзе се повреди пред само три дена на дуелот од Премиер лигата против Њукасл, и веднаш стана јасно дека се работи за нешто посериозно.
Од друга страна пак, следниот предизвик за Јунајтед е утрешниот дуел од Лигата на Европа против Лион. Првиот дуел во Франција заврши 2:2.