Селекторот на уругвајската репрезентација, Марсело Биелса, повторно го оправда својот познат прекар „Лудиот“ и изведе невидена претстава пред камерите пред самиот почеток на Светското првенство! Искусниот аргентински стручњак е познат по својата органска одбивност кон разговорите со медиумите, но овој пат отиде чекор понатаму. Пред збунетиот новинар, изгледаше како натпреварувач во некој ултра брз ТВ квиз – одговори на дури шест прашања за точно 38 секунди, користејќи едвај дваесет зборови.
Ова е трето Светско првенство за Биелса во богатата тренерска кариера, па претставниците на седмата сила очекуваа длабока тактичка анализа, филозофирање и најава за напад врз трофејот. Наместо тоа, добија „брзи прсти“ и експресно исклучување какво што веројатно никогаш не е видено во историјата на спортот.
Marcelo Bielsa llegó a Playa del Carmen con el plantel de Uruguay y contestó SEIS PREGUNTAS en 38 segundos a la prensa.
Así… 😅🇺🇾 pic.twitter.com/1oAwiH4YyI
— Ataque Futbolero (@AtaqueFutbolero) June 10, 2026

