Зарем е можно: Барселона барала од Левандовски да престане да постигнува голови!

19.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зарем е можно: Барселона барала од Левандовски да престане да постигнува голови!
Фото: ФЦ Барселона/Твитер

Зарем е можно? Неверојатната приказна е објавена во книга од полскиот новинар Себастијан Сташевски, која веројатно добро ќе се продава во Каталонија. Сташевски открива многу непознати детали за најдобриот полски фудбалер на сите времиња. Сепак, една приказна се издвојува бидејќи претставува еден вид спортски скандал.
„Кадена Копе“ пишува дека станува збор за настаните од сезоната 2022/23, првата на Роберт во Шпанија по пристигнувањето од Баерн, во време кога тренер на тимот беше Чави Ернандез, а Хоан Лапорта на почетокот на претседателскиот мандат. Во тој момент, иако сега не е многу подобро, Барса беше длабоко задолжена, под забрана за регистрација на нови фудбалери, веројатно поблиску до банкрот отколку до финансиска консолидација.
И покрај ова, „Блауграната“ ја обезбеди 27-мата титула шампион на Шпанија четири кола пред крајот на сезоната, но тогашниот 34-годишен Левандовски не застана тука, туку продолжи да постигнува голови, борејќи се со Карим Бензема за титулата најдобар стрелец. Полјакот имаше 23 гола во двете кола пред крајот на сезоната и имаше доволно време да го подобри својот импресивен скор, сепак…
Сташевски открива во книгата дека во тој момент Лапорта го замолил Левандовски да престане да постигнува голови, бидејќи бил на работ да активира клаузула во договорот што би ја чинело Барселона околу два и пол милиони евра. „Роберт, за нас е важно да престанеш да постигнуваш голови“, ги цитираше авторот зборовите на претседателот на клубот.
Според клаузулата, Барселона била должна да му плати дополнителни 2,5 милиони евра на Левандовски ако постигне 25 или повеќе гола во првата сезона. Стасевски пишува дека Левандовски бил збунет, бидејќи никогаш порано во кариерата не му било кажано нешто слично.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата