Фудбалерите на Лацио се пласираа во четвртфиналето од Купот на Италија. Тимот од Рим вечерва во осминафиналето на својот „Олимпико“ го победи Милан со 1:0, а во следната фаза ќе се соочат со Болоња.
Не видовме претерано убава игра на „Олимпико“, двата тима првенствено беа фокусирани на тоа да не примат гол, а се чинеше дека пеналите ќе одлучат кој ќе биде меѓу осумте најдобри.
Сепак, десет минути пред крајот на натпреварот, за време на еден корнер за Лацио, концентрацијата на играчите на Милан попушти и го оставија Матија Закањи сосема сам, а „десетката“ на Римјаните постигна гол со глава за триумф на избраниците на тренерот Маурицио Сари.
sportmedia.mk

