Барса добива екстра засилување: По само шест месеци му здодеа С. Арабија!

4.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Барса добива екстра засилување: По само шест месеци му здодеа С. Арабија!
ФОТО: FC Barselona/FB

Не е се само во парите. Па така и искусниот дефанзивец Ињиго Мартинез кој по завршувањето на минатата сезона се одлучи да ја прифати големата понуда на Ал – Наср и да се пресели во С. Арабија. Но сега, барем според медиумите во Шпанија, сака да се врати во Барселона.

Ова значи дека Барселона сè уште може да добие засилувања во јануари, и дека потпишувањето без сомнение би предизвикало еуфорија на стадионот „Камп Ноу“. Имено, утрово имаше информации дека Иниго Мартинез би можел да се врати во Барселона по само половина година, бидејќи не се навикнал на животот во Саудиска Арабија и сака повторно да биде дел од каталонскиот тим.
Мартинез беше важна алка во одбраната на Барселона минатата сезона, и можеше да се види колку неговото заминување ја ослабе одбраната на тимот на Ханси Флик. Сепак, искусниот дефанзивец сака да се врати, што веќе им го кажал на челниците на клубот, а оваа вест го воодушеви Флик, кој многу би сакал повторно да го има Мартинез во својот тим и му порача на Дек да направи сè што може за да се случи тоа.
Ова лето, 34-годишникот замина во Ал Наср, со кого има договор до крајот на сезоната, но челниците на саудискиот тим му рекоа дека нема да му создаваат проблем ако сака да си оди и дека ќе ја раскинат соработката.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата