Нема дилеми дека утре од 18 часот по наше време и тоа како ќе се случува спектакл во Вашингтон каде ќе се одржува ждрепката за групната фаза за СП.
Во Вашингтон ќе бидат извлечени 12 групи од четири групи, а во моментот на извлекувањето ќе бидат познати 42 учесници на Светското првенство. Останатите шест ќе бидат познати во март по дополнителните квалификациски мини-турнири.
Целата манифестација или програма ќе ја водат Андреа Бочели, со Роби Вилијамс, Никол Шерцингер, а финалниот настап ќе го прават „Вилиџ Пипл“, додека гала програмата ќе ја водат Хајди Клум и Кевин Харт.
Рио Фердинанд и голем број големи американски и канадски спортски имиња, меѓу кои Том Брејди, Арон Џонс, Вејн Грецки и Шекил О’Нил, ќе играат клучна улога во ждрепката.

