За Влаховиќ оваа година повеќе нема фудбал

1.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
За Влаховиќ оваа година повеќе нема фудбал
фото: H @HQpcrt (X)

Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, ќе отсуствува од терените најмалку 5-6 недели поради повреда.

Српскиот фудбалер повреди мускул на левата нога за време на натпреварот од 13-то коло од Серија А против Каљари (2-1) и беше заменет во 31-та минута.

„Газета дело Спорт“ наведува дека Влаховиќ ќе биде подложен на дополнителни прегледи за попрецизно да се утврди природата на повредата и времето на закрепнување.

Оваа сезона, 25-годишниот напаѓач одигра 17 натпревари за Јувентус во италијанското првенство и Лигата на шампионите, постигнувајќи 6 гола и 2 асистенции.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата