Конте и Наполи триумфално на „Олимпико“ (ВИДЕО)

30.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Конте и Наполи триумфално на „Олимпико“ (ВИДЕО)
фото: Lega Serie A (X)

Наполи успеа да ги освои сите три бода на гостувањето кај Рома во големото дерби на 13. Коло во Серија А. Наполитанците славеа минимално со 0:1 и направија дополнителен метеж на самиот врв на табелата.

Милан и Наполи имаат по 28 бода, Рома и Интер имаат бод помалку, што значи дека ќе гледаме вистнска војна за Скудетото.

Момент на одлука вечерва на „Олимпико“ беше  36-тата минута и одличниот контранапад на Давид Нерес, кој ја погоди мрежата на Свилар во ситуација еден на еден за 0:1.

Нашиот Елиф Елмас стартуваше од клупата и доби шанса во 80. минута.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата