Некогашната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд смета дека Реал Мадрид и Ливерпул ќе бидат главни фаворити за освојување на Лигата на шампионите оваа сезона.
„Ливерпул има тим кој изгледа застрашувачки и имаат играч како Мохамед Салах во нападот кој може сам да победува. Избраниците на тренерот Карло Анчелоти го победија Манчестер Сити и секако дека се фаворити за освојување на трофејот“, вели Фердинанд.