За мечот Албанија – Србија во Тирана: Преку лотарија ќе се решава кој до билет!

13.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
За мечот Албанија – Србија во Тирана: Преку лотарија ќе се решава кој до билет!

Интересно, како да е во прашање меч за ЕП или СП. Имено на 7 јуни се игра мечот меѓу Албанија и Србија во Тирана за пласман на СП 2026. Со оглед на тоа дека интересот е преколем, а капацитетот на стадионот не може да ги задоволи сите побарувања за билет, ФС на Албанија се одлучи да нема слободна продажба на билети. До нив може да се дојде само со голема среќа. Имено секој заинтересиран ќе мора да се регистрира на сајт а потоа преку лотарија ќе се знаат кои се лицата кои ќе можат да купат најмногу по четири билети.

Одамна е познато дека фанови од Србија нема да има поради безбедност.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата