Фудбалерите на Мексико ја победија Јужна Кореја со 1:0 на стадионот „Акрон“ во Запопан, со што станаа првите кои сигурно обезбедија пласман во нокаут фазата на Светското првенство.
Првото полувреме беше под очекувањата. Екипите беа изедначени, а играта беше претежно дефанзивна, па затоа немаше многу шанси за постигнување гол.
Сепак, Мексико поведе во четвртата минута од судиското продолжение со голот на Ромо.
Иако се очекуваше дека голот на Мексико ќе ја потресе Јужна Кореја, тоа апсолутно не се случи. Корејците одиграа уште полошо отколку во првото полувреме, па на крајот заслужено беа поразени.
Мексико е прв на табелата со шест бода и веќе обезбеди едно од првите две места на табелата.

