Време е за „Ел Класико“, време е за најголемото клупско дерби во светот на фудбалот.Фудбалскиот свет се подготвува за уште едно издание на „Ел Класико“, но овој пат влоговите се поголеми од кога било. Вечерва од 21 часот нна „Камп Ноу“ Барселона го пречекува Реал Мадрид во натпревар од 35-то коло на Ла Лига. Со 88 бода на чело, Каталонците се на работ на втората последователна титула, додека Мадрид, кој е на втората позиција со 77 бода, ќе се обиде да ги одложи славењате на својот вечен ривал. Барселона влегува во дербито во одлична форма. Тимот на Ханси Флик има пет победи во последните пет натпревари. Од друга страна, Реал Мадрид поминува низ тежок период. И покрај победата над Еспањол во последното коло, претрпе пораз од Баерн Минхен во Европа и нерешени резултати против Бетис и Џирона, што ја разниша самодовербата на екипата на Алваро Арбелоа. Ханси Флик останува фокусиран на идентитетот на својот тим:
„Сакам да ја играме нашата игра, нашиот стил, да бидеме единица на теренот. Да се освои втора последователна титула би било неверојатно достигнување“.
Во таборот на Реал Мадрид, тензијата е преголема по извештаите за тепачка меѓу Феде Валверде и Аурелиен Чуамени. Сепак, тренерот Алваро Арбелоа ги бранеше своите играчи:
„ Јас сум одговорен за сè што се случува во Реал Мадрид. Гледам здрава соблекувална, подготвена повторно да победи“.
Неодамнешните средби меѓу двата тима ветуваат гол-шоу. Барселона доминираше неодамна. Во јануари оваа година, Каталонците го кренаа шпанскиот Суперкуп по победата од 3-2, а минатата сезона забележаа убедливи 5-2 на истиот турнир. Минатогодишниот шампионски натпревар на овој стадион беше исто така спектакуларен – победа од 4-3 за Барса во мај 2025 година. Сега, една година подоцна, очите повторно се насочени кон нешто слично, и со каков било успех, Каталонците ќе кренат втора последователна титула – нешто што Реал го направил само еднаш во 21 век. Инаку, „кралевите“ победија само на еден од последните седум натпревари против нивниот вечен ривал, што се случи во есенскиот шампионски судир по победата од 2-1 на Сантијаго Бернабеу.
Домаќините ќе бидат без својата голема млада ѕвезда Ламине Јамал, кој се бори со повреда на тетивата. Во нападот, Флик ќе се потпре на искуството на Роберт Левандовски, на кого ќе му помагаат Педри и Дани Олмо. Реал Мадрид ќе пристигне без Феде Валверде, кој е надвор од теренот по несреќа на тренинг, како и без долгорочните повреди на Родриго, Дани Карвахал и Едер Милитао. Целата одговорност за головите ќе падне на рамената на Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор.

