Врањеш ќе игра за Партизан

27.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Врањеш ќе игра за Партизан

Контроверзниот босански интернационалец Огњен Врањеш ќе биде првото засилување за тимот на Партизан летово. Како што јавуваат медиумтие во Србија, досегашниот играч на турски Хатај пристигнува во Белград како слободен играч.

Стоперот е искусен играч кој во кариерата настапуваше за доста екипи и тоа се од ред квалитетни. Од типот на Црвена Звезра, Спартак Владикавказ, Газиантеп, Спортинг Хихон, Том Томск, АЕК, Андерлехт, Шарлоа…. беше своевремено и дел од репрезентацијата на БИХ. Врањеш често знае да влезе во фокусот на јавноста на негативен начин, како на пример со тетоважите од Дража Михајловиќ, или пак со секс скандалот со пејачката Јелена Карлеуша.

 

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата