„Војната“ продолжува: Реал побара промена на ВАР судија, Шпанската федерација одби

25.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Војната“ продолжува: Реал побара промена на ВАР судија, Шпанската федерација одби

Реал Мадрид побара замена за ВАР судијата назначен за финалето на Купот на кралот. Финалниот натпревар против Барселона, „кралскиот клуб“ ќе го одигра утре.

Судијата во ВАР, Пабло Гонзалес Фуертес, претходно беше обвинет од телевизијата на Реал Мадрид, за негови бројни грешки на минатото финале.

Според „Марка“, шпанската федерација нема намера да го смени судискиот состав за финалето на Купот, бидејќи тоа го смета за несоодветно на ден пред финалето.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата