Понуда која во Барселона и тоа како ќе ја прифатат. Имено раководството на каталонскиот гигант на чело со Хоан Лапорта, веќе подолго време сака по секоја цена да се ослободи од Френки де Јонг. Холанѓанецо во последната година е далеку под своето ниво, го мачат повреди а и Ханси Флик не му дава којзнае каква минутажа. А се знае дека по Роберт Левандовски зема најголема плата во Барса, нешто околу 20 милиони евра нето по сезона.
Интересно е тоа што пинудата дошла од страна Ливерпул. Клубот од „Енфилд“ би платил 30 милиони евра веднаш и 15 милиони евра низ бонуси. Секако дека тие 45 милиони евра се многу помалку од она што Барса очекуваше, а очекувањата бела 80-100 милиони евра, но и ова Лапорта без проблем ќе го прифати. Само да ја ослободи клупската каса од ужасно високта плата на Де Јонг.