Вечерва покрај мечот во Скопје на кој Македонија беше поразена од Шкотска со 0:2, се одиграа уште два меча во Лигата на Нации.
Во натпревар од нашата група 1 во Б Лигата на Нации, Швајцарија со 2:1 триумфираше против Словенија. Можеби се очекуваше поубедлива победа, ама победа си е победа. Гостите поведоа со голот на Пивотник уште во 2.минута, потоа следуваше автоголот на Јанжа за 1:1, за да победата ја донесе Ндоје во 38.минута.
Шпанија си гази, светскиот првак со 3:1 славеше против Чешка. И повторно тој Јамал со гол во 6.минута донесе водство. Следуваше голот на Родри. Гостите преку Слама намалија на 2:1, за да Мерино ги постави конечните 3:1.

