Влаховиќ сега сака да го продолжи договорот со Јувентус, Барса е план Б

19.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Влаховиќ сега сака да го продолжи договорот со Јувентус, Барса е план Б
фото: H @HQpcrt (X)

Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, има намера да ја продолжи кариерата во  клубот од Торино, а како втора опција му е заминување во Барселона.

26-годишниот напаѓач на српската репрезентација е надвор од терените од крајот на ноември поради повреда. Тој планира да игра на натпреварот од 27-мото коло од Серија А против Рома на 1 март.

Договорот на Србинот со клубот од Торино истекува на 30 јуни, а тој не ја исклучил можноста за продолжување. Тој ги разгледува сите опции, а неговата главна е да остане во Јувентус, објави „Тутоспорт“.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата