Винисиус дециден за тоа каде ќе ја продолжи кариерата!

6.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Винисиус дециден за тоа каде ќе ја продолжи кариерата!
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Во пресрет на првиот меч од 1/4 финалето во Лигата на Шампионите, меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен, Винисиус говореше на прес-конференцијата.

Тој покрај другото се осврна и на тоа дали останува во Мадрид, ако се знае дека во изминатите неколку денови одново имаше шпекулации за тоа дека си оди од Реал Мадрид и тоа во клуб од Премиерлигата.

Во вистинскиот момент ќе го обновам договорот и ќе останам тука долго време. Реал Мадрид е клубот од моите соништа. Имам уште една година од договорот, но сум многу смирен. Имам доверба од претседателот Флорентино Перес“, рече ѕвездата на Реал.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата