Вест Хем и четврти меч во низа без победа, Евертон извади бод кај Њукасл

2.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вест Хем и четврти меч во низа без победа, Евертон извади бод кај Њукасл

Во вечерашната програма од 30-тото коло од Премиер Лигата дербито се одигра во Лондон каде бодовите ги поделија петопласираниот Тотенхем и седмопласираниот Вест Хем играјќи и 1:1. Првиот гол на мечот го постигна Бренан Џонсон во 5-тата, додека во 19-тата минута Зума го изедначи резултатот. Со ова реми Тотенхем останува на петтото место со освоени 57 бода, додека пак Вест Хем има 12 бода помалку.

Тимовите на Њукасл и Евертон одиграа многу интересен натпревар  кој заврши со резултат 1:1. Водството за Њукасл го донесе Александар Исак во 15-тата минута, а на 1:1 изедначи Калверт Луин со гол од пенал во 88-та минута.

На другите натпревари Барнли и Вулверхемптон ги поделија бодовите со резултат 1:1, додека пак екипите на Нотингем Форест и Бормут остварија победи против Фулам и Кристал Палас со резултати 3:1 и 1:0.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата