Ваљадолид немаше сили за изненадување во Мадрид

14.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ваљадолид немаше сили за изненадување во Мадрид

Атлетико Мадрид триумфираше на последниот натпревар од 31-то коло од шпанската Ла Лига, совладувајќи ја екипата на Реал Ваљадолид со 4:2. Гостинскиот тим влезе како целосен аутсајдер во натпреварот, но фудбалерите предводени од Алваро Рубио му зададоа одличен отпор на мадридскиот тим и го ставија натпреварот во неизвесност се до последниот судиски свиреж.

Сила од пенал му донесе водство на Реал Ваљадолид во 21-та минута, а само 4 минути подоцна Хулиан Алварез донесе изедначување од белата точка. Во 27-та минута Џулиано Симеоне го врати Алетико во водство, но во 56-тата минута Санчез донесе ново изедначување. До крајот на натпреварот Атлетико притисна и со головите на Алварез од пенал во 71-та и Сорлот во 79-тата минута стигна до посакуваните три бода.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата