Валенсија со минимален резултат го доби градското дерби

21.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Валенсија со минимален резултат го доби градското дерби
фото: Valencia CF (X)

Екипата на Валенсија ја совлада екипата на Леванте со 1:0 во вечерашниот натпревар од шпанската Ла Лига. Нашиот репрезентативен голнан, Столе Димитриевски не доби минути на овој меч.

Домашната екипа долго се мачеше да го пробие ривалот кој одлично се држеше се до 63-тата минута кога Лопез постигна погодок за водство на „лилјаците“. Сепак, на радост на гостинските навивачи голот беше поништен поради офсајт. Во 78-та минута резервистот Хуго Дуро постигна гол кој му ја донесе победата на домашниот тим.

Со оваа победа се искачи на 15-тото место и има 13 освоени бода, а Леванте се наоѓа на 19-тата позиција со само 9 бода.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата