Валенсија конечно обезбеди пари за нов стадион

27.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Валенсија конечно обезбеди пари за нов стадион

Фудбалскиот клуб Валенсија ќе има нов дом. Управата на клубот конечно по долги години преговарање, обезбеди финансии да биде изграден нов стадион со специфично име, „Нова Местаља“.

За овој мега проект, обезбедени се преку 320 милиони евра, со што Валенсија ќе го добие еден од најмодерните стадиони во Шанија. Истиот ќе има капацитет од 70.000 гледачи, а ќе биде наменет и за мечеви кои ќе бидат дел од Мунадијалот во 2030 година, кој што ќе го одрганизира токму Шпанија, заедно со Португалија и Мароко.

Поради финансиски проблеми во клубот, овој проект беше одложуван цели 15 години.

 

 

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата