Атлетико се согласи да го купи Алекс Баена

27.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Атлетико се согласи да го купи Алекс Баена

Досегашниот играч на тимот на Виљареал, Алекс Баена во следните денови ќе биде претставен како ново засилување на тимот на Атлетико Мадрид.

„Јорганџиите“ се согласија да ја платат сумата од 45 милиони евра, плус додатни пет милиони низ бонуси. Плус, на конто на ова оди и фактот што Баена своите лични услови ги договорил уште во месец мај со Атлетико, па сега не постои ниту една пречка за да трансферот не се оствари.

Левото крило од најмала возраст игра за националниот тим и има собрано педесетина мастапи за „Фуријата“ ако ги броиме и оние за А селекцијата.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата