Ужасни вести за Арсенал, за фановите на овој клуб а најмногу за Микел Артета. Откако вчера беше поразен на свој терен од Борнмут, денеска ужасни вести за Арсенал од “Стемфорд Бриџ“. Манчестер Сити го победи како гостин тимот на Челзи со 0:3 и сега и тоа како за титулата во ПЛ се прашуваат “граѓаните“ односно Пеп Гвардиола.
Само да кажеме дека стрелци за Сити во победата од 0:3 кај Челзи, беа О`Рајли, Гуеи и Доку.
Сега вака стојат работите. Арсенал по 32.коло има 70 бодови, шест повеќе од Сити ама тимот на Пеп има натпревар помалку а следниот викенд дома го пречекува Арсенал. И ако слави на заостанатиот меч со Кристал Палас, а го победи Арсенал дома, тогаш Сити има големи, екстремно големи шанси да му ја “украде“ титулата на Арсенал. Познато е дека во случај на ист број бодови решава гол разликата која сега е во корист на тимот на Артета со +3 во однос на тимот на Пеп.Сепак, рековме веќе, следниот викенд на „Етихад“ играат Манчестер Сити и Арсенал. Тоа е меч кој Артета не смее, ама буквално не смее да го загуби.
По се изгледа дека се потврдуваат најавите дека Арсенал со овој тренер, никогаш, никогаш нема да биде шампион. Пеп чекаше долго време ваква ситуација, а кога сега од него и од неговите фудбалери зависат работите се знае кој на крајот ќе се радува.
Секако дека тоа нема да биде Арсенал со Артета. Сепак, до крајот остануваат уште шест кола и секако дека битката за титулата ќе биде пеколна.

