Уште еден шеф на академијата на Манчестер Ј. си заминал од клубот

7.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Уште еден шеф на академијата на Манчестер Ј. си заминал од клубот
фото: The United HQ (X)

Шефот на одделот за регрутирање млади фудбалери во академијата на Манчестер Јунајтед го напушти, клубот.

Според британските медиуми, Федоренко, кој моментално работи како менаџер за регрутирање во академијата на Јунајтед, прифатил работа во агенција за агенти, што значи дека мора да го напушти клубот од Премиер лигата.

Лук Федоренко наводно одиграл клучна улога во привлекувањето на Чидо Оби и Ајден Хевен од Арсенал во академијата на Манчестер Јунајтед, при што двајцата играчи го имаа своето деби во првиот тим минатата сезона.

Пред заминувањето на Федоренко, Ник Кокс се повлече од функцијата директор на академијата за да стане технички директор во Евертон.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата