Од безбедносни причини, одложено дербито ПСЖ – Лион

23.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Од безбедносни причини, одложено дербито ПСЖ – Лион

Поради најавените протести кои што се закажани да се одржат во Париз викендов, поточно в недела, одложено е големото дерби од шестото коло од францускиот шампионат помеѓу екипите на ПСЖ и Олимпик Лион.

Истото требаше да се одигра токму в недела со почеток од 20:45, но организаторите, односно француската федерација одлучи од безбедносни причини, истото да се одигра ден подоцна, односно во понеделник.

Мечот секако е дерби според традицијата, но и според бодовното салдо затоа што и двата тима се на врвот на табелата со по 14 бодови.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата