Украинците одлучија, Ребров останува селектор

10.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Украинците одлучија, Ребров останува селектор

Раководните луѓе на Украинската фудбалска асоцијација на денешниот состанок правеа анализа за настапот на Украина на ЕП 2024 година и дискутираа за иднината на селекторот Сергеј Ребров.

Украина не ја помина групата во која сите четири репрезентации завршија со четири бодови. Украинците останаа последнопласирани и не поминаа понатаму.
Раководните луѓе на ФА на Украина на чело со претседателот Андреј Шевченко му дадоа поддршка на Ребров, што значи дека тој останува на кормилото.

И покрај ситуацијата во државата, фудбалската репрезентација стигна до ЕП. На шампионатот одигра добро и покрај тоа што не ја помина групата. Причината беше лошиот прв меч и поразот од Романија. За жал на следните мечеви не можевме да ја поправиме ситуацијата и покрај тоа што тимот предводен од Ребров освои четири бодови што е најдобар резултат на Украина на ЕП.
Ние му даваме поддршка на Ребров. Тој има задача да го спреми тимот за Лигата на нациите и квалификациите за СП 2026“, соопштија меѓу другото од ФА на Украина.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата