Уапсен некогашниот репрезентативец на Хрватска и шампион со Динамо

4.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Уапсен некогашниот репрезентативец на Хрватска и шампион со Динамо

Во голема акција на правосудните органи во Хрватска поради сомнение за сторени дела затајување данок, и злосторничко здружување уапсени се преку шеесет луѓе. Меѓу нив е и некогашниот репрезентативец на Хрватска, и поранешен играч на Динамо Загреб од шампионските денови, Јосип Шимиќ. Тој е инаку брат на многу попознатиот Дарио Шимиќ.

Во моментов секако сеуште не се знае каква и колкава е улогата во овие дејствија на Шимиќ, но во секој случај, некогашниот играч и на Клуб Бриж, Арис, Улсан, Вараждин е во големи проблеми.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата