Одлично финале вечерва во Братислава на ЕП за селекции до 21 години. И повторно Англија победи, и повторно е европски шампион. Англија – Германија 3:2 е резулатот во ова финале кое во секој случај ги воодушеви и најпробирливите фудбалски фанови, финале во кое се играа продолжение ако се знае дека по тие 90.минути резултатот беше 2:2.
Англичаните во ова финале поведоа со 2:0 и тоа со головите на Елиот и Хачинсон во 5.и 25.минута.
Сепак младите Германци и тоа како се вратија во игра откако прво преку Вајпер во 45+1.минута намалија за да Небел во 61.минута израмни на 2:2. Токму Небел во 90+3.минути можеше на Германија да и ја донесе титулата, но неговиот удар место во мрежата заврши во пречката.
Казната стигна на другата страна кога Роув во продолженијата погоди за 3:2, за победа и за титула на Англија.