Доминик Калверт-Левин се збогува со Евертон

29.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Доминик Калверт-Левин се збогува со Евертон

Еден од најдобрите играчи на Еврертон во изминатите години, Доминик Калверт-Левин и официјално преку социјалните мрежи се збогува со досегашниот негов клуб.

Тој е дел од Евертон од 2016 година по доаѓањето од Шефилд Јунајтед и остави сериозен траг во клубот сиве овие години.

Со 273 натпревари за Евертон во сите натпреварувања, и 71 постигнат гол, тој е третиот најдобар стрелец во историјата на клубот.

„До фудбалскиот клуб Евертон и до екипата на Евертон. По девет извонредни години во овој клуб, донесов неверојатно тешка одлука, заедно со моето семејство, да започнам ново поглавје во мојата кариера. Ова не е нешто што го избрав лесно. Евертон е мој дом од моите 19 години. Тоа е местото што виде потенцијал во мене, ме предизвика да се развивам и ме обликуваше и како фудбалер и како човек.“ – напиша фудбалерот.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата