Тудор: Имаме две опции, да плачеме или да се бориме

13.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тудор: Имаме две опции, да плачеме или да се бориме

Ако има тим кој што е во сериозно лоша ситуација во моментов, тоа е тимот на Тотенхем. Клубот кој што има европски амбиции, сезонава има огромен проблем да обезбеди опстанок. Тотенхем е на само бод од зоната за испаѓање, и претрпе четири последователни порази, во кои примија 14 гола.

Поразите се откако Игор Тудор ја презеде функцијата менаџер, а хрватот е свесен за ситуацијата во која се наоѓа тој и неговиот тим.

„Да, ситуацијата е тешка. Голем предизвик е да се променат работите. Како и сè во животот, можеш да избереш како да гледаш на работите. Можеш да плачеш или да се бориш. Можеш да бидеш жртва или да си кажеш дека можеш нешто да промениш. Ова е пораката со која сакам да почнам и да им ја пренесам на играчите. Чашата е секогаш полупразна или полуполна. Тука нема ништо полно, но има многу празни работи, но тешките моменти не траат вечно. Верувам дека играчите ќе го сфатат ова како предизвик, како можност да се соочат со работите со храброст и да ги променат работите“, рече Тудор.

Инаку Тотенхем викендов игра против Ливерпул на гости, в недела.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата