Наместо „Финалисимо“, Шпанија ќе игра пријателска против Србија!?

13.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Наместо „Финалисимо“, Шпанија ќе игра пријателска против Србија!?
ФОТО: FSS/FB

Проблемите кои настанаа со воениот конфликт на Блискиот Исток создадоа ситуација во која планираниот меч во Доха помеѓу шампионот на Европа, Шпанија, против оној на Јужна Америка, Аргентина да се пресели во Мадрид. Но и тој дуел засега е неизвесен затоа што Аргентина смета дека Шпанија би имала голема предност како домаќин. Можна е втора преселба во САД, во Мајами но според шпанска Марка по се изгледа дека од овој меч барем засега нема да има ништо.

Истиот извор вели дека во тамошниот сојуз имаат план Б на оваа тема. А тоа е пријателски меч со Србија. Иако мечот против Аргентина официјално не е откажан, а најави за тоа има огромни, следува варијантата Србија да замине за Шпанија во мај.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата