Ц.Звезда ја прославува титулата пред мал број фанови! (ВИДЕО)

22.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ц.Звезда ја прославува титулата пред мал број фанови! (ВИДЕО)
ФОТО:.facebook.com/crvenazvezdafk

На играчите на Црвена Звезда им беше врачен шампионскиот пехар за сезоната 2025/26, ова беше направено пред натпреварот од последното коло на Српската Супер лига со ОФК Белград, вечерва на “Маракана“.
Прославата на титулата е пред никогаш помалку луѓе за натпревари од ваков карактер во тековната шампионска серија на Црвена Звезда, а за да не биде доделена пред тотално мал број луѓе на трибините, почетокот на церемонијата и натпреварот беа одложени. Дури и последмниот натпревар од сезоната не отстапи од трендот на слаби посети на Маракана во домашните рамки, а за овој натпревар и прослава имаше бесплатен влез. Се собраа само околу 10.000 луѓе, најмногу 12.000…
Пехарот го врачи претседателот на ФСС, Драган Џајиќ, а медалите ги додели Владимир Петровиќ Пижон.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата