Трета година по ред: Јамал е најдобар млад играч!

26.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трета година по ред: Јамал е најдобар млад играч!

Ламин Јамал продолжува да ги поместува границите! Ѕвездата на Барселона ја освои наградата „Копа“ за најдобар млад фудбалер во светот за 2026 година, третпат по ред, со што испиша нова страница во историјата на ова признание.

Шпанскиот репрезентативец претходно беше прогласен за најдобар млад играч во 2024 и 2025 година, а сега успеа да ја одбрани титулата и во третата последователна година.

Наградата „Копа“, која се доделува во рамките на церемонијата „Златна топка“, е наменета за најдобриот фудбалер помлад од 21 година. За победникот одлучуваат поранешните добитници на „Златната топка“.

Јамал зад себе остави уште девет кандидати, меѓу кои и својот соиграч од Барселона, Пау Кубарси, како и Ворен Заир-Емери од Пари Сен Жермен и Ленарт Карл од Баерн Минхен.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата