Де ла Фуенте е најдобар тренер за 2026 година

26.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Де ла Фуенте е најдобар тренер за 2026 година

Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, е прогласен за најдобар тренер во машкиот фудбал на церемонијата за доделување на „Златната топка“ за 2026 година.

Де ла Фуенте доби признание за работата со шпанската репрезентација и успесите на националниот тим, со кој се искачи на светскиот врв.

Признанија добија и претставници на Барселона. Тренерот на женскиот тим, Пере Ромеу, ја освои наградата за најдобар тренер во женскиот фудбал, со што каталонскиот клуб продолжи да собира признанија на свеченоста.

Наградата за најдобар млад женски фудбалер ѝ припадна на Вики Лопез од Барселона.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата