Тотенхем „извиси“ за Арне Слот, Холанѓанецот продолжи со Феенорд

26.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тотенхем „извиси“ за Арне Слот, Холанѓанецот продолжи со Феенорд

Холандскиот стратег Арне Слот нема да го предводи Тотенхем. Причината е што тренерот потпиша нов договор со Феенорд до јуни 2026 година и со тоа потврди дека нема намера да ги напушти шампионите на Холандија во насока на Тотенхем.
Изминатите денови се зборуваше дека Слот ќе биде нов тренер на лондонскиот тим, дека треба да се плати обесштетување, на крајот ништо од тоа.
Уште еден стратег го „откачи“ Тотенхем.
Слот со Феенорд стигна до финалето на Лигата на конференции минатата сезона (пораз од Рома), а оваа сезона стана шампион на Холандија.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата