Тотален крах: Тотенхем повторно загуби, овој пат дома од Астон Вила

19.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тотален крах: Тотенхем повторно загуби, овој пат дома од Астон Вила
фото: Premier League (X)

Тотенхем продолжува со очајниот старт на сезоната во Премиерлигата, откако денеска на домашен терен загуби од Астон Вила со 3:2.

„Спарси“ тргнаа со серија шанси, но Вила постигна три гола и направи голем чекор кон победата. Тотенхем во финишот постигна два гола, но немаше време за целосен пресврт.

По пет одиграни кола, тимот на Роберто Де Зерби сè уште нема победа и има само два освоени бода. По денешниот пораз, Тотенхем падна во зоната за испаѓање.

Особено загрижувачки е фактот што клубот летово инвестираше околу 420 милиони фунти во засилувања, но резултатите засега не ја оправдуваат огромната инвестиција.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата