Скандал: Уапсен е близок човек на Зидан, под истрага е и уплатата на Мбапе!

19.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скандал: Уапсен е близок човек на Зидан, под истрага е и уплатата на Мбапе!
ФОТО:facebook.com/equipedefrance

По расколот, сега нов скандал во селекцијата на Франција. Очигледно е дека новиот селектор Зидан Зидан, како да немаше среќа во првите денови како предводник на “петлите“.

Мохамед Санхаџи, долгогодишен човек задолжен за безбедноста и логистиката на француската репрезентација, нема да биде со тимот за првиот тренинг камп под водство на новиот тренер Зинедин Зидан. Тој се соочува со низа обвиненија, вклучувајќи корупција, злоупотреба на влијание, измама и перење пари поврзани со даночни измами. Случајот се фокусира на исплата од 60.300 евра што му ја направил Килијан Мбапе по Светското првенство во Катар.

Санхаџи беше изведен пред истражен судија на 16 септември откако помина 48 часа во полициски притвор. Француското судство потоа го стави под судски надзор, а меѓу мерките што му ги изрече е забрана за контакт со сегашни и поранешни играчи на француската репрезентација, членови на персоналот, селекторите и сегашни и поранешни лидери на Француската фудбалска федерација (FFF).

Исто така, му е забрането да влегува во седиштето на Федерацијата во Клерфонтен, Стад де Франс и Парк де Принс, освен со изрична дозвола од судија. Исто така, му е наредено да плати депозит од 80.000 евра. Според француските медиуми, му е забрането да работи и во професионален спорт. Санхаџи така остана без можност да учествува на првиот собир на Франција под водство на Зидан, иако новиот селектор инсистираше неговиот долгогодишен соработник да остане дел од националниот тим.

Санхаџи беше важна личност во позадината на француската репрезентација речиси две децении. Како полицаец, тој беше во репрезентацијата од 2004 година, првично како службеник за врска и обезбедување.
Работеше со неколку генерации француски репрезентативци и тренери, а во Федерацијата имаше репутација како човек кој се грижи за логистиката и безбедноста на тимот. Сепак, по завршувањето на Светското првенство во 2022 година, неговото име почна да се појавува во сосема поинаков контекст.
Според француските медиуми, Санхаџи добил чек од 60.300 евра од Килијан Мбапе во јуни 2023 година. Парите, според објаснувањето поврзано со случајот, дошле од бонусот на Мбапе за Светското првенство во 2022 година. Мбапе претходно објасни дека станува збор за подарок со кој сакал да му се заблагодари на Санхаџи за неговата вклученост за време на Светското првенство.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата