Толку од Камавинга сезонава

24.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Толку од Камавинга сезонава

Едуард Камавинга нема повеќе да настапи сезонава. Играчот на Реал Мадрид, синоќа се повреди на мечот против Гетафе, а во текот на денешниот ден, клубот објави дека се работи за повреда на адукторот.

Тоа значи дека тој ќе мора да паузира околу три месеци, што значи дека за него сезонава е завршена.

Ова секако дека е удар за Реал, со оглед на фактот што клубот е во „мртва“ трка за титулата во домашниот шампионат, а има и финале на Куп пред себе викендов.

Камавинга е во Реал од 2021 година кога пристигна од француски Рен. Досега има 180 настапи за клубот.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата