Толку од Де Брујне во Наполи

26.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Толку од Де Брујне во Наполи

Иако има уште доста што да даде на фудбалскиот терен, Кевин Де Брујне тоа ќе мора да го прави некаде подалеку од неговиот сегашен клуб Наполи.

Според последните информации кои доаѓаат од Неапол, новиот тренер на тимот, Масимилиано Алегри не смета на 35 годишниот ветеран, со што му се дадени слободни раце да си оди.

Де Брујне има уште една година договор со Наполи, но тоа во моментов малку му вреди освен од финансиска гледна точка, и евентуална позајмица доколку некој клуб сака да го преземе.

Доколку пак тоа не е случај, Де Брујне ќе мора да се спогоди со Наполи за раскин на договорот и да замине некаде како слободен играч.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата