Тоа е капитен: „Со нас нека бидат само тие што сакаат да играат за Германија, кој не сака не мора да доаѓа!“

8.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тоа е капитен: „Со нас нека бидат само тие што сакаат да играат за Германија, кој не сака не мора да доаѓа!“

Во пресрет на дуелот во Зеница во Лигата на Нации против БиХ, селекцијата на Германија се соочува со повреди на значајни играчи, но има и такви кои го одбија повикот на селекторот Јулиан Нагелсма, на некои пак не им се патува во БиХ. Јавноста во Германија се вознемири, и кога е така тогаш јасно е дека капитенот Џошуа Кимих мораше да го смирува страстите и да “распали“ по своите репрезентативни колеги.

Претходно да кажеме дека Мусиала и Хаверц се повреден, а голманот Лено откажа поради фактот дека не доби гаранции дека ќе биде прв голман по повредата на Тер Штеген.

Еве што кажа капитенот:

Овде со нас сакаме да имаме играчи кои што ќе сакаат да играат за Германија. Тоа мора да биде нешто посебно, без разлика кој е, без разлика дали има 34 или 19 години, без разлика дали има 100 или 3 мечеви за својата земја. Ова важи не само за Лено, туку и за останатите. Кој не сака да биде таму не мора да доаѓа. Имаме многу други играчи кои уживаат да бидат со нас, да бидат во репрезентацијата“ истакна Кимих.

Ете тоа е вистински капитен.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата