Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо сака во тимот да го доведе дефанзивецот на Рома, Марио Ермосо. Португалскиот стручњак сака да го засили центарот на одбраната на својот тим и го насочил својот нишан кон 29-годишниот Шпанец, пренесува „Кориере дело Спорт“.
Хермосо го загуби своето стартно место во Рома под водство на Клаудио Раниери. Токму поради тоа Мурињо се надева дека ќе успее да го убеди дефанзивецот да ја прифати понудата на Фенербахче.
Шпанецот летото го бараа и колегите од истанбулскиот гигант Галатасарај, но тогаш тој ја претпочита понудата на Рома и потпиша со италијанскиот тим како слободен играч. Од почетокот на сезоната има 13 настапи и еден гол.
Во договорот на Хермосо има и откупна клаузула, но таа се активира дури по неговата втора година. Сепак, Фенербахче ќе се обиде да ги откупи неговите права сега во јануари.