Тешка трагедија: Асистентот на ПСЖ крајот на финалето го дочека во солзи (ВИДЕО)

1.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тешка трагедија: Асистентот на ПСЖ крајот на финалето го дочека во солзи (ВИДЕО)

Никој на „Алијанц Арена“ не плачеше како него. Тоа беа искрени солзи, измешани со радост и тага. Не издржа и заплака како дете.

Рафаел Пол е релативно непознато име во светот на фудбалот, но тој е несомнено јунакот од сенка на ПСЖ во походот кон првата титула во Лигата на шампионите.

Во финишот на натпреварот, камерите го уловија Пол како плаче на клупата, а наскоро се дозна и причината за тие солзи. По завршувањето на финалето, во фокусот дојде Луис Енрике со неговата емотивна посвета на победата за покојната ќерка Хана.

Но, уште поголема болка во тие моменти чувствуваше неговиот помошник, бидејќи раната кај него беше многу понова, а болката – сè уште жива.

Овој 38-годишник во ноември ја загуби сопругата. Прекрасната Ракел почина по долга и неизлечива болест. Нема поголема болка за човекот од тоа да го загуби животниот сопатник, особено кога тоа се случува ненадејно – а токму тоа му се случи на долгогодишниот помошник на Енрике.

Затоа неговите солзи и погледот кон небото беа сосема разбирливи. Во моментот на најголема среќа – таа што ја сакаше најмногу – не беше покрај него. Неговите солзи за кусо време го освоија интернетот, а Пол добива пораки со поддршка и целосно разбирање од сите страни на светот.

Неговата сопруга Ракел сигурно некаде од небото е горда на својот сопруг, исто како што Хана е горда на својот татко Луис Енрике.

Да потсетиме, ПСЖ го победи Интер во финалето со неверојатни 5:0 и по првпат стана европски шампион.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата