Тешка казна за Жозе Мурињо

6.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тешка казна за Жозе Мурињо
Фото: ФЦ Фенербахче/Твитер

Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Турција го казни тренерот на Фенербахче Жозе Мурињо со суспензија од три натпревари.

По поразот од Галатасарај на домашен терен со 1:2 во четврт-финалето на Купот на Турција, Мурињо му го штипна носот на Бурук, што беше окарактеризирано како напад на Турчинот, а Португалецот е суспендиран од следните три првенствени натпревари.

Под водство на Мурињо, Фенербахче ги загуби двете големи дербија на домашен терен од Галатасарај, во првенството беше 3:1. Фенер заостанува шест бода зад Галатасарај во првенството, но има и натпревар помалку.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата