Ливерпул може да стане шампион на Англија една недела пред да го пречека Арсенал

6.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ливерпул може да стане шампион на Англија една недела пред да го пречека Арсенал

На седум кола пред крајот на сезоната во Премиерлигата, Ливерпул и покрај денешниот пораз од Фулам останува голем фаворит за титулата. Момците на Арне слот имаат 11 бода предност пред Арсенал, а до крајот на сезоната во игра се уште 21 бод.

Како резултат на тоа, на момците на Слот им требаат уште 11 бода за да бидат и математички крунисани како шампиони на Англија по 20-ти пат во историјата на клубот.

Доколку „црвените“ и тимот на Микел Артета соберат максимални бодови во нивните претстојни натпревари, тогаш Ливерпул најрано би можел да ја освои титулата на мечот против Челзи на „Стемфорд Бриџ“ во недела на 4 мај.

Доколку Ливерпул не ја освоил титулата во Премиер лигата на или пред горенаведениот датум, тие ризикуваат да ја одложат работата бидејќи една недела по натпреварот во главниот град, Арсенал гостува на Енфилд во недела на 11 мај.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата