Пеп прво му одржа лекција на Доку, а потоа “одговори“ на провокациите на фановите на Јунајтед! (ФОТО+ВИДЕО)

7.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пеп прво му одржа лекција на Доку, а потоа “одговори“ на провокациите на фановите на Јунајтед! (ФОТО+ВИДЕО)

Неинтересно, на моменти и здодевно градско дерби одиграа Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити кое заврши без победник и без голови. Фановите на Островот не се задоволни од тоа што го видоа, а посебно не се задоволни фановите на Сит од тоа што го направи Пеп Гвардиола веднаш откако заврши мечот на “Олд Трафорд“.

Шпанскиот стратег откако судијата означи крај на мечот, веднаш влета на теренот и му одржа лекција на својот играч Џереми Доку. Неговите гестикулации значеа само едно, дека не е задоволен од настапот на репрезентативецот на Белгија.

По ова фановите на Сити, според коментарите на социјалните мрежи сметаат дека такво нешто се прави во соблекувалната а не пред целиот аудиториум.

Откако заврши со Доку, Пеп им “одговори“ на фановите на Јунајтед, откако тие го навредуваа со разни непристојни повици, со посебен поздрав.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата